Нејмар падна на тест, ќе мора надвор од терените два месеци

од Nikola Popovski
37 прегледи

Бразилскиот фудбалер на Ал Хилал, Нејмар, ќе отсуствува од терените уште најмалку два месеци, бидејќи не се опорави од повредата.

Нејмар беше опериран на зглобот и на менискусот на почетокот на ноември минатата година, откако претходно се повреди на натпреварот на Бразил против Уругвај во квалификациите за СП 2026 година.

Според првичните проценки, бразилскиот фудбалер требаше да се врати на терените на почетокот на октомври. Сепак, медиумите во Саудиска Арабија наведуваат дека Нејмар во саботата не ги поминал лекарските прегледи и тестот за физичка подготвеност, поради што ќе мора да отсуствува од терените уште најмалку два месеци.

Пред неколку дена португалскиот сајт „Рекорд“ објави дека тренерот на Ал Хилал, Жоржe Жесус очекува бразилскиот фудбалер да продолжи да настапува дури на почетокот на следната година.

Нејмар (32) пристигна во Ал Хилал во август минатата година од Пари Сен Жермен.

За клубот од Ријад одигра пет натпревари, а на теренот мина само 386 минути. Тој има договор со Ал Хилал до 30 јуни 2025 година.

Слични содржини