343
Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Нејмар, ја доби наградата „Samba Gold“ за најдобар бразилски фудбалер во Европа. Наградата ја доделува сајтот „sambafoot“. Прв победник на анкетата беше Кака во 2008 година, а Нејмар ја освои по петти пат по 2014, 2015, 2017 и 2020 година.
Ѕвездата на „Селесао“ моментално се опоравува од повреда, со надеж дека ќе се опорави за осминафиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Од оваа година, „Samba Gold“ им се доделува и на жените. Првиот победник во анкетата е 18-годишната Џована Кеирош, која го носи дресот на шпански Леванте.
Новинари, фудбалери и читатели учествуваат во анкетата на „sambafoot“.