268
ПСЖ победи во 15. коло од Лига 1 на гостувањето кај Сент Етјен (1:3), но по повредата на Нејмар, малкумина ќе размислуваат за освоените бодови.
Имено, во 84. минута од натпреварот во Ст. Етјен, Бразилецот успеа да избегне опасен старт на противничкиот играч, но при приземјувањето го истегна зглобот.
– Ќе закрепнам, ваквите работи се дел од животот на нас спортистите, но морам да продолжам и да се вратам подобар и посилен – истакна Нејмар.
Се уште не се познати информации за степенот на повредата на скочниот зглоб на Нејмар, односно начинот и времето на опоравување. Но, ПСЖ сигурно долго ќе остане без бразилски ас.