224
Таткото и личниот агент на Нејмар гарантира дека неговиот син ќе остане во Париз Сен Жермен, објави АФП.
„Сегашноста и иднината на мојот син е во ПСЖ“, изјави Нејмар постариот на прес-конференција во Бразил заедно со претседателот на парискиот клуб Насер Ал-Хелаифи.
Во последниве недели, медиумите тврдоглаво го поврзуваа Неј Јуниор со Реал Мадрид.
„Нејмар е среќен, мотивиран и ентузијастички настроен да се врати што е можно побрзо. Очекуваме тој да се врати во натпреварите за Купот и првенството“, рече пак шефот на „светците“.