Нејмар прави забава за 500 луѓе: Трае 5 дена во подземно диско, секој може да влезе под еден услов

од Vladimir Zorba
239 прегледи

Бразилскиот напаѓач Нејмар се најде под голем удар од јавноста во својата татковина откако се дозна дека среде пандемија на коронавирусот направил забава за 500 луѓе што ќе трае пет дена!

Локалниот „О Глобо“ пренесува дека Нејмар изградил подземна дискотека во својата вила во Мангаратиба (Рио де Жанеиро), како и дека забавата започнала во петокот и ќе трае до вторник.

Нејмар ангажирал и специјален бенд за забава, кој ги забавува гостите, дури и оние кои доаѓаат на неговата забава непоканети. Сепак, секој мора да исполни еден услов ако сака да присуствува – мора да го остави мобилниот телефон на влезот!

Асот на ПСЖ ја изгради споменатата подземна дискотека со цел да има одлична звучна изолација и да не ги вознемирува соседите во околината, но тоа очигледно нема да го „измие“ кај сограѓаните кои се лути бидејќи 190.000 луѓе веќе починаа од короната во Бразил.

Нејмар, инаку, неодамна се здоби со повреда во францускиот шампионат и нема да се врати на терените до средината на јануари, па не е изненадувачки што „скокна“ во татковината за време на одморите.

Слични содржини