Најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот, Нејмар се закани на Реал Мадрид. Како што е познато Неј и ПСЖ играат со „белите“ во 1/8-финалето во Лигата на шампионите.
Бразилецот е поранешен играч на Барса, а во последно време тој сè повеќе зборува за тоа, дека ќе се пресели во Реал Мадрид.
„Немам трпение да излезам против Реал Мадрид и да го покажам најдоброто од себе. ПСЖ може да го отстрани овој ривал и се надевам дека тоа ќе се случи“, изјави Нејмар пред првата средба меѓу двата тима, која ќе биде по околу десетина дена.
Синоќа Неј постигна еден од головите за победата од 3:0 над Лил во француското првенство, во кое ПСЖ е недостижен лидер.
Од друга страна Реал Мадрид продолжува да тоне во Шпанија, откако одигра само 2: 2 на гостувањето кај Леванте и е на незавидна четврта позиција.