Бразилецот Нејмар не го криеше своето разочарување по поразот на Парискиот тим од Реал Мадрид со 1:3 во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Нејмар го посочи играчот кој му недостасува на ПСЖ за успех на престижниот турнир, имено – Лионел Меси од Барселона.
„По претставување како ова, јасно е дека го немаме неопходното за да ја освоиме Лигата на шампионите. Во Барселона го освоив натпреварувањето со Меси. Веројатно не очекуваат од мене да го направам ова сам? Можеби ако го земеме Меси тука, ќе ја освоиме Лигата на шампионите во иднина“, налутено рече Нејмар.