Нејмар сакал да се врати во Барселона ова лето, објави весникот „Спорт“ во понеделникот.
Во август Бразилецот и ги понудил своите услуги на Барса. Тренерот на „сино-црвените“ Ханзи Флик го одбил напаѓачот и покрај потребата да се засили левото крило од нападот на тимот.
32-годишниот Нејмар мина четири сезони на „Камп Ноу“. Во нив освои две шампионски титули во Шпанија, три купа на земјата, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.
Бразилецот е во сопственост на Ал-Хилал во Саудиска Арабија, но се здоби со сериозна повреда на коленото во октомври 2023 година.
По неуспешниот трансфер на Нико Вилијамс, главен избор на Барселона за нов напаѓачки играч е Италијанецот Федерико Киеза од Јувентус.
Во моментов раководството на клубот разгледува и други опции, а една од нив е португалскиот интернационалец Рафаел Леао од Милано.