274
Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар се повреди на тренинг на бразилската фудбалска репрезентација, објави „Ел Мундо Депортиво“.
Ова се случи на отворениот тренинг на тимот на стадионот во Сеул пред утрешната контрола на Селесао против Република Кореја.
Бразилецот се судри со соиграч и заработи повреда на десната нога, го напушти теренот и не се врати до крајот на сесијата.
Тој најверојатно ќе го пропушти утрешниот пријателски натпревар, откако не се знае колку е сериозна повредата и колку време ќе му треба да закрепне.
Ова е дел од азиската турнеја на бразилскиот тим, кој во понеделник во Токио треба да игра против Јапонија.