Нејмар се враќа во Сантос: „Морам повторно да ги пакувам куферите“

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Претседателот на Сантос, Марсело Тешеира, прв го поздрави враќањето на бразилската ѕвезда Нејмар во клубот.

„Нејмар, дојде време да се вратиш кај својот народ“, рече тој во видео на Инстаграм. Нејмар го раскина договорот со саудиски Ал-Хилал и се врати во Сантос, каде што дебитираше во 2009 година.

„Добре дојде, момче. Дојди и биди среќен повторно. Луѓето те чекаат со раширени раце“, додаде претседателот на клубот.

„Каква непријатност, морам повторно да ги пакувам куферите“, се пошегува самиот Нејмар на Инстаграм откако веста ја откри Тешеира.

Тој му се приклучи на Ал-Хихал во август 2023 година за околу 100 милиони евра по сезона, откако претходно помина шест години во ПСЖ.

Фудбалерот ги скина вкрстените лигаменти на левото колено на мечот против Бразил два месеци по пристигнувањето во Ријад, а беше надвор од терените една година.

Нејмар за Ал-Хилал одигра само 7 натпревари на кои постигна еден гол и три асистенции.

Слични содржини