233
Нејмар и неговата девојка Бруна Бјанкарди станаа родители на девојче и објавија серија фотографии со бебето на Инстаграм и открија дека се вика Мави.
„Нашата Мави пристигна да ни ги комплетира животите. Добре дојде ќерко! Те сакаме многу. Ви благодариме што не одбра”, напишале среќните родители.
На сликите се гледа како Нејмар и Бруна позираат со бебето, а на една од фотографиите се гледа како Нејмар ја капе својата новородена ќерка.
View this post on Instagram
Фотографијата за 6 часа собра речиси 12 милиони лајкови.
Нејмар го има 12-годишниот син Дави Лука од претходната врска со девојката Каролина Дантас. Тој се забавуваше со Бруна пред две години, а во април годинава објавија дека чекаат дете.