Раководството на Барселона не е заинтересирано за опцијата да го врати Нејмар. Тоа значи дека бразилската ѕвезда ќе ги насочи силите кон Интер Мајами каде настапува Лионел Меси.
Претходно се појави информација дека 33-годишниот Бразилец сонува да се врати во каталонскиот гигант. Моментално го носи дресот на Сантош.
Според новинарот на телевизијата „Ел Чирингито“, Хозе Алварез, Нејмар можел порано да заврши во Интер Мајами, но поради бирократски компликации договорот не се реализирал и поради тоа Бразилецот се вратил во Сантош.
Опцијата за преселба во шампионатот на САД, сепак, останува актуелна за него и следната сезона, особено ако се земе предвид претстојниот Мундијал во 2026 година, кој ќе се одржи во САД.
Во врска со гласините за негово враќање во Барселона: клубот во моментов не размислува за негово враќање, бидејќи Каталонците имаат други приоритети.