Нека завршат изборите, па ќе разговараме во партијата, рече Таравари запрашан за оставка

од Nikola Popovski
1,4K прегледи

„Нека завршат изборите, Ова се први избори како претседател на партијата. Во органите на партијата ќе разговараме за ова“, изјави синоќа претседателскиот кандидат, Арбен Таравари по поразот од противкандидатот Бујар Османи од ДУИ кај албанскиот блок. Тој беше запрашан дали ќе си поднесе оставка од политичката кариера.

Според Таравари, во сите изборни единици каде доминираат гласачи Албанци, разликата е 3-4 илјади гласови.

На прашањето за кого ќе гласаат во вториот круг од претседателските избори, тој рече дека како коалиција немаат одлучено, но ќе седнат и ќе разговараат.

Претседателскиот кандидат од коалицијата „Вреди“ освои 83.356 гласови односно 9,21%, додека Османи 120.903 (13,36%).

Слични содржини