Некогаш и сега во кокпитот на Мерцедес (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Погледнете интересно видео на кое се гледа како се развивал инфотејмент системот во мерцедесот „S-Class“ – од 1956 година, кога во W180 беше инсталирано обично радио, сè до најновото издание на W223, во кое се користи вештачка интелигенција.


Историјата на инфотејмент системот во „S-класата“ е исклучително богата, особено ако се знае дека овој бренд поставува стандарди со децении кога станува збор за удобност при користење на кабината.

Така, во 1963 година, „S-Class“ за прв пат доби радио плеер за касети, а во 1979 година серијата W126 го покажа и првиот дигитален дисплеј, за пет години подоцна да биде лансиран првиот борд компјутер, по што следи и ЦД плеер.

Следи првиот систем за навигација во 1995 година во серијата W140, потоа мултимедијалниот „Команд“ со контролни копчиња на воланот, потоа во 2009 година и првиот „сплит екран“, односно едниот екран чиј приказ може да се подели на два, така што совозачот, на пр. може да гледа филм додека возачот ја следи навигацијата.

Четири години подоцна, серијата W222 го воведе првиот „широк екран“ кокпит, а денес „Mercedes S-Class“ нуди револуционерен MBUX систем кој користи вештачка интелигенција.

 

Слични содржини