Некогаш секс-бомба, сега речиси непрепознатлива: Седи на тротоар, изгледа изгубено… (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Некогаш многу привлечната американска актерка Хедер Локлир изгледаше прилично лошо и целосно замислено во едно од нејзините ретки јавни излегувања.

Имено, папараците ја снимиле додека седи на тротоарот покрај патот и чека превоз. Не грижејќи се за минувачите, дури ни за камерите, 61-годишната ѕвезда од популарните серии „Мелроуз Плејс“ и „Династија“ беше облечена во црно, косата и беше несредена и пуштена, а лицето отечено и надуено.

Седела на тротоарот повеќе од половина час додека нејзиниот вереник Крис Хајсер не дошол да ја земе и ја собрал со својот теренец.

Дури кога го видела автомобилот на нејзиниот вереник, поранешен возач на мотокрос, Хедер се разбудила и му се насмеала. Таа ја зела својата голема чанта од Луј Витон, ја префрлила преку рамо, влегла во автомобилот и парот тргнал во непознат правец.

Инаку, Хедер Локлир беше уапсена во февруари 2018 година за семејно насилство бидејќи, како што објавија американските медиуми, го претепала својот вереник, а само неколку месеци подоцна ги нападнала и нејзините родители.

Оттогаш, таа ретко се појавува во јавноста.

Слични содржини