Поранешната тинејџерска ѕвезда Миша Бартон, која се прослави со улогата на Мариса Купер во хит серијата O.C., се повлече од Холивуд поради проблеми со менталното здравје, а сега најави враќање на малите екрани.
Во 2007 година Бартон беше уапсена поради возење под дејство на марихуана, по што доброволно влезе во клиника за рехабилитација. После две години завршила во психијатриска установа, а психичките проблеми се одразиле на нејзиниот изглед.
Како што таа неодамна откри, креаторите на серијата O.C зажалиле што го убиле нејзиниот лик во третата сезона. Таа ја најави и нејзината улога во рестартирањето на сапуницата „Neighbours“, која со години беше хит во Австралија.
Пејачката Кајли Миног претходно глумеше во сапуницата, а Бартон беше една од причините за прифаќање на улогата.
Во 2017 година, актерката беше пронајдена како вика на оградата од дворот дека нејзината мајка е вештерка, а носеше само кошула и вратоврска, по што беше хоспитализирана. Таа подоцна тврдела дека некој и ставил дрога во пијалокот за време на ноќно излегување.
Истата година во јавноста протече нејзината секс снимка, наводно објавена од нејзиното поранешно момче.