Признавам, бев скептична кога првпат имав солено парче лубеница во рацете. Во тоа време, еден мој пријател инсистираше дека морам да пробам, тврдејќи дека е многу послатко. Го пробав и тој беше во право, навистина е подобра посолена – вели Никол Вестон, слаткарка од Лос Анџелес, откако решила да ги потисне сите предрасуди во главата и да ја вкуси таа комбинација.
– Солта ја прави лубеницата послатка бидејќи создава солено-сладок контраст и на тој начин овозможува сладоста да стане уште поизразена. Лубеницата обично има суптилна сладост бидејќи е полна со вода, за разлика од јагодите и другите овошја, кои имаат поконцентриран, интензивен вкус. Солта го поттикнува и производството на плунка, што ја прави лубеницата уште посочна – објаснила таа.
Трикот до успехот е да ставите многу малку сол, или рамномерно да го распоредите на цело парче лубеница. Ако ставите премногу сол, ќе ја „убиете“ нејзината сладост и ќе мора да посегнете по ново парче, вели таа за bakingbites.com.
– Можете да користите секаков вид сол, вклучително и кујнска сол, но јас претпочитам да користам покрупна морска или кошер сол. Кујнската сол полесно се прска врз лубеницата, но крупната морска сол дава поголем солено-сладок контраст, додека во исто време е потребна помала количина. Исто така, лубеницата одлично оди и со фета сирење, има сличен ефект – откри оваа слаткарка.