Тројца тенисери на кои им било одобрено медицинско ослободување од вакцина влегле во Австралија со истата виза што ја имал Новак Ѓоковиќ, дознава Ројтерс.
Австралиските власти синоќа ја одбија визата и не му дозволија на Ѓоковиќ да влезе во земјата.
Ѓоковиќ вчера беше запрен на аеродромот, задржан околу 7 часа со одземен мобилен телефон, по што на крајот не му беше дозволен влез во државата.
Неговиот тим поднел барање за погрешна виза, која не го поддржува медицинското ослободување од вакцинација. Визата му беше одбиена бидејќи австралиските власти имаа резерви за валидноста на доказите, кои го потврдуваат ослободувањето на Ѓоковиќ.
Отвореното првенство на Австралија започнува на 17 јануари.