Веќе неколку месеци на Фејсбук страницата на Фудбалската репрезентација на Македонија можевте да забележите видеа кои што немаат никаква поврзаност со репрезентативците и мак-фудбалот. Кулминацијата е достигната денеска откако официјална слика на профилот беше заменета со девојка со азиско потекло во провокативен стајлинг.
Очигледно дека хакирана е Фејсбук страницата на ФФМ бидејќи и во последните денови повторно беа објавувани видеа на кинески јазик, а на моменти има и вклучувања во живо.
На дел од видеата беа објавувани накит и бижутерија. Во делот за коментари, македонските граѓани се зачудени од тоа што се случува, а повеќе од нив прашуваат „дали репрезентативците ќе бидат заменети со девојки од Азија“.
Засега нема официјален коментар од македонската фудбалска куќа по повод ваквите активностите на нивната официјална Фејсбук страница.
Уште во мај месец ФФМ информира дека профилот е хакиран. Тогаш најавија дека веќе се превземаат сите чекори за да се надмине овој проблем и апелираа да не се земаат во предвид сите пораки кои доаѓаат од тој профил. Сепак до денес не е ништо преземно.