Неколку американски држави ја тужат одлуката за укинување на неутралноста на интернет

од Vladimir Zorba
86 прегледи

  Американската Федерална комисија за комуникации синоќа укина правила за „неутралност на интернет“ воведени пред две години за време на администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама. Со нив се гарантираше еднаков пристап на интернет.

Наместо тоа, прифатена е политика што ќе намали регулативи на поголеми интернет провајдери и ќе им се дадат пошироки овластувања да одлучат со кои содржини на интернет корисниците ќе може да имаат пристап.

Комисијата гласаше со 3-2 за план што го поддржува претседателот на комисијата Ајит Паи, кој е поставен на таа позиција од претседателот Доналд Трамп.

Паи се залагал за „лесна рака“ во регулативата на големите телекомуникациски компании и прекин на праксата што се претставуваше како владин „микроменаџмент на интернетот“.

Укинувањето на правилата за неутралност на интернет предизвика стотици јавни протести и повеќе од милион повици до членови на Конгресот во кои граѓаните изразуваа противење за планот на Паи.

Според американски медиуми, голем број групи најавиле оспорување пред судовите на таа одлука.

Неколку сојузни држави во САД се подготвуваат да покренат тужба против одлуката на Федералната комисија за комуникации (FCC) да укине  . Неутралноста на интернет , објавија американските медиуми.

Нивната цел е да се обезбеди еднаквост во користењето на Интернет.

Главниот обвинител на државата Њујорк Ерик Шнајдерман увери дека ќе преземе иницијатива за поднесување тужба од името на неколку држави. Шнајдерман тврди дека FCC  целосно не ги  истражувала информациите за лажни мислења на оваа тема.