Неколку комисии во Собранието ќе расправаат за Законот за државјанство и Законот за лична карта

344 прегледи

На дневен ред на неколку најавени седници денес во Собранието ќе биде и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за државјанство на С.Македонија, која е во скратена постапка и второ читање, а поднесен од група пратеници.

Според најавите, пратениците ќе расправаат и по Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, по скратена постапка.

Предлогот на законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка, е на дневниот ред на денешната 26-та седница на Собранието на Република Северна Македонија.

На дневниот ред на седницата се и Предлог – законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, Предлог-законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, сите по скратена постапка, како и Предлогот на закон за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, во прво читање.

Најавена е и расправа по Предлог -стратегијата за регионален развој 2020 – 2030.

На една од денешните собраниски седници ќе се дискутира и по Предлог – законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, по скратена постапка.

Пратениците се очекува да дискутираат и по Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје”, како и по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот, скратена постапка.

Меѓу другите точки на дневниот ред на седниците се и Предлог – законот за изменување на Законот за оружјето, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, сите во прво читање.

 

Слични содржини