166
Неколку лица загинаа, а неколку се ранети во израелски воздушен напад врз најголемата болница во Појасот Газа, изјавија денеска очевидци, пренесе Бета.
Телевизијата Ал Џезира објави снимка од болницата Шифа во градот Газа по нападот, на која се гледаат безживотни тела на земја.
Асад Абу Радван, очевидец на нападот, рече дека изброил пет мртви и им помогнал на неколку ранети да се засолнат внатре. Израелската војска допрва треба да ги коментира извештаите за нападот.
Израел го обвинува Хамас дека крие голем команден центар во и под болницата, што палестинската вооружена група и вработените во болницата го негираат.
По рацијата во болницата во ноември, израелската армија откри дека во тунелот под болницата има засолниште на екстремисти.