Неколку скопски населби денеска без струја

од Nikola Popovski
34 прегледи

Делови од неколку скопски населби денес ќе бидат без електрична енергија во период од неколку часа.

Според ЕВН Македонија АД, без струја ќе останат:

Во период од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од пат за Долно Лисиче, од Силбо до автоделови Цаки и Ливран ДОО (општина Аеродром).

Во период од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од нас.Драчево: дел од ул.Иван Хаџи Николов, ул.Мишевска, дел од ул.Китка. (општина Аеродром).

Во период од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Славејко Арсов (м.в Шербетница над шеста управа – општина Центар).

ЈП „Водовод и канализација“ известува дека поради изведување на водоводен приклучок од Ф-80 мм на улицата Дебарца бр.63, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од улицата Дебарца, дел од улицата Дане Крапчев и улицата Славка Недиќ во општина Центар.

Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09:00 часот до завршување со активностите.

Слични содржини