Неколку точки на дневен ред: Денес ќе се одржи 45-тата владина седница

од Nikola Popovski
265 прегледи

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 45 седница со повеќе точки на дневен ред од програмата за работа.

Информација во врска со потребата од поднесување апликација за техничка помош за подготовка на проектот за изградба на Интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Србија, како и Информација за започнување постапка за доделување договор за воспоставување јавно-приватно партнерство за интегриран систем за управување, мониторирање, следење и контрола на акцизни добра се меѓу точките на дневен ред на 45-тата редовна седница на Владата.

На предлог на Министерството за надворешни работи на дневен ред на оваа седница е Информацијата за подготовка на првата меѓународна конференција во рамките на Преспа Форумот за дијалог во Охрид и Преспа од 15 до 17 јуни 2021 година.

– Министрите во Владата денеска ќе се произнесат и по Годишната програма за работа на Центарот за стручно образование и обука за 2021 година, со Годишен финансиски план, и ќе ја разгледаат Информацијата за степенот на реализација на користење на средствата за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во областа на културата за 2020 година, соопшти прес-службата на Владата.

Слични содржини