Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев уште еднаш повтори дека ставот на партијата и него како личност е дека за Гоце Делчев нема преговори и не се прави никакво предавство.
-Делчев е македонски национален херој, длабоко врежан во нашата историја и обврска ни е на сите да го чуваме неговиот лик и дело. Сметаме дека претходно усвоената Декларација со црвените линии е поприлично доволна за насоките на преговорите. Некоректно е Делчев да го сведуваме на декларации, бидејќи денеска се работи за него, утре ќе биде за нешто друго. Дали е поентата цело време да идеме со декларации, прашува Богоев.
Од друг аспект, вели Богоев, влегуваме во опасност со ваквата декларација, бидејќи ќе биде одличен повод за ретроградните и деструктивните сили на Бугарија да покренат исти чекори во бугарскиот парламент, со крајна цел да ги минираат преговорите.