Некоректно е Сорос и УСАИД да се прилепуваат на СДСМ, тврди Филипче

од Nikola Popovski
91 прегледи

Во однос на последниот извештај на „Фридом Хаус“ за пристапот на луѓето до политичките и граѓанските права и слободи во земјава, лидерот на СДСм, Венко Филипче вели дека загрижувачки е патот и смета дека слободата на говорот е симбол на демократско општество и беше симбол на борбата на „Шарената револуција“.

-Гледам некоја тенденција да се поврзе фондацијата „Сорос“ со овие истражувања кои се најавуваат во САД во однос на фондовите на УСАИД. Некои тенденции тоа да се залепи некако на СДСМ во некој контекст и тоа сметам дека е недозволиво и некоректно. Околу 100 илјади граѓани автентично се бореа против ограничувањето на слободата на говор и окупацијата на судските институции за времето на претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, како и против прислушкувањето. Граѓаните повторно ќе видат и ќе проценат дали тие демократски процеси има тендеција оваа Влада да ги спроведува. Не треба да се потцени енергијата и силата на народот бидејќи ако забележат такви работи, пак ќе излезат на улица, кажа Филипче на прес-конференција, додавајќи дека неговата партија ќе ги искористи сите демократски инструменти за да се спротивстави.

Претседателот на СДСМ исто така информира дека дел од амбасадите во Македонија од европските земји ги контактирале и искажале загриженост околу гласењето на Владата за резолуциите во ОН за војната во Украина.

Слични содржини