Нели балканските народи!!- Бугарија уште е обележана од менталитетот на Живков

од desk3
91 прегледи

 

Ова навистона е смешно: пратениците од БСП на поклонение во родниот дом на Тодор Живков – човекот кој го отелотворува еден доста сомнителен вредносен систем. Коментар на DW.

_thumb

Срам.

Тоа го чувствувам кога си спомнувам за неколкудецениското управување на Тодор Живков. И не затоа што “кај Тошо се беше лошо” – ова резиме е неточно. Не и поради фактот дека овој државник беше некаков поинаков антрополошки тип, во споредба со луѓето кои ми се допаѓаат.

Не, срамот доаѓа од селективната концентрација на манталитетни својства и ставови кај овој човек, кои се ем типични за многу луѓе во Бугарија, ем го “опишуваат” населението на овие простори единствено како несимпатична карикатура. А тоа не е фер.

Путин загуби при размената на заложници со Украина

Другата страна на менгемето во главата на Живков

Селото, покраината, семејството, патријархално-феудалните ставови – така си го замислувам вредносниот став на Живков, кој сигурно верувал дека е обичен, едноставен човек задолжително и по дефиниција е подобар од оние другите, со претензии. И дека тој самиот, се покажал како патријарх на 8 милиони Бугари, и бил должен прво да се погрижи за семејството, а потоа – за вечниот опстанок на врвот, а конечно да направи нешто и за овие добри, едноставни луѓенца.

Батето-Буда-и-Тато
И како го правеше тоа Живков? Па правеше го со помош на неисцрпни “трикови”, со додворување и понижување пред раката што го храни (Москва), со дебели шеги, со безгранично внимание и селски интриги, со одмазда и со потресно рамнодушност кон секакви морални барања. Неговите принципи изгледаа сосема поинаку. Прво – да ги набави и извлече оттука-оттаму (главно од СССР, но конечно дури и од СРГ) потребните пари за да мирува населението кое не можеше да обезбеди поднослив животен стандард. Второ – никој да не посегнува на власта , дури и на безопасен начин. Бидејќи до крајот на неговото владеење се знаеше едно: многу работи се прифатливи и просувачки во НРБ, но да се зборува (а камоли дејствува) против “Првиот” – тоа беше тешко кривично дело. Некој може да каже дека е наивно од денешна гледна точка да се размислува за можностите на демократијата и слободата на говорот во тогашната НРБ. Но имам предвид не овие либерални вредности, туку другата страна на менгемето во главата на самиот Тодор Живков, за кого очигледно не постоеше дури и идејата дека некој би си дозволил да мисли и делува различно од него. Дали тоа значи дека Живков беше глупав човек? Не знам.

boiko-t-3

Живков ја промовираше и глупоста и мрзеливоста

Но во сите случаи тој ја охрабри глупоста околу себе. Глупоста и мрзеливоста. Сигурно го правел ненамерно, од инстинкт за самоодржување или пак поради “демократската” интуиција, која му зборувала дека повеќето луѓе се глупави и мрзливи, бидејќи дека е најдобро да се обложува на нив. Дали бил во право? И тоа не знам.

Но, факт е дека по неколкудецениското управување на Тодор Живков Бугарија и до денес изгледа какка една нажалена и уморна земја, сеуште обележана од неговиот менталитет и од неговите вредности.