Претседателот на Комисјата, Александар Даштевски соопшти дека Германската компанија „Дермалог“ имала понудила најниска цена, имала најквалитетни терминали и гаранција за заштитата на личните податоци на гласачите на претстојните избори.
Но дали на овој начин ќе бидат заштитени личните податоци на гласачите, Даштевски вели дека податоците ќе бидат внесени од МВР.
„Податоците ќе се внесат од страна на МВР и после ќе се вратат назад така што не можат да бидат злоупотребени бидејќи ние не купуваме компанија, купуваме опрема. Опремата е во наша сопственост“, додава Даштевски.
По изборот на „Дермалог“ трае десетдневниот рок за жалба а ако биде потпишан договор со германската фирма тогаш терминалите треба да стигнат најдоцна до крајот на септември. Во првата фаза ќе бидат испорачани 200 терминали на кои ќе се врши обуката на членовите на избирачките одбори.
Локалните избори во земјата е предвидено да се одржат во втората половина на октомври. ДИК веќе изготви стратегија во која се предвидени преземање на сите мерки за заштита од пад на системот, како на минатите предвремени парламентарни избори.