Нема да има дигитална Кери Фишер во „Војна на ѕвездите“

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Екипата зад сагата “Војна на ѕвездите” демантираше дека има планови за дигитално создадавање на ликот на покојната актерка Кери Фишер, која ја одигра легендарната принцеза Леа. Фишер, која почина пред неколку дена од срцев удар, мораше да игра во епизода IX, кој се очекува да биде пуштен во 2019 година.

Од “Лукасфилм” велат дека последната нејзина улога ќе биде онаа во епизода VIII, на која ќе можеме да уживаме во крајот на оваа година. Од компанијата велат дека Кери секогаш ќе биде дел од семејството.

“Таа беше нашата принцеза, но уште поважно е дека беше и наш пријател”, вели уште тимот. Последната лента од сагата, која излезе во декември 2016 година, вклучи дигитално прикажување на британскиот актер Питер Кушинг, кој почина во 1994 година, и кој ја одигра улогата на Великиот Моф Таркин.