Нема да има нов ценовен шок од 1. март, тврди Бектеши

од Nikola Popovski
255 прегледи

Ограничувањето на маржите нема да доведе до поскапување на цените на дел од прехранбените производи, затоа што проценките на маржите, освен во производите, и во другите елементи се толку големи што не верувам дека толку многу да се зголеми делот на производството во формирањето на цените. Нема да има нов ценовен шок од 1. март, рече министерот за економија, Крешник Бектеши во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

Според него, Министерството за економија заедно со другите институции направиле целосна анализа во периодот од 1. декември до денес.

-Ја анализираме трговијата и целиот ланец и цените што се формираат. И во однос на собраните податоци и со помош на надворешни експерти, одлучивме дека од 1. март ќе се смени начинот на регулирање на пазарот на одредени производи, појасни Бектеши.

Слични содржини