Нема да има поделба на Македонија, му одговори Заев на Лавров

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Нема да има ниту поделба ниту федерализација на Република Македонија.

430x330 (22)

Ова го изјави лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) Зоран Заев во врска со изразената од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров позиција дека земјата ќе биде поделена меѓу Бугарија и Албанија.

Пред два дена пред Горниот дом на рускиот парламент Лавров изјави дека македонските настани премногу грубо се управувани однадвор, пренесе Бгнес.

Сега веќе се водат разговори за тоа дека е потребно Македонија да се федерализира уште подлабоко и дури се лансираат идеи да биде поделена: еден дел да биде дадена на Албанија, друг дел – на Бугарија, избувна тој.

Бугарскиот  министер  за надворепни Даниел Митов остро реагираше на изјавата на неговиот руски колега Сергеј Лавров.

Крајно неодговорни  е кажаното   од рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во изјавата пред Советот на федерацијата на Федералното собрание на Руската Федерација, дека се разговарало  за поделба на Република Македонија помеѓу Албанија и Бугарија , се вели во позицијата на бугарското министерство за надворешни работи. .

Заев не остана без зборови  за се што беше кажано и пренесувано

“Она што нашиот народ многу јасно го демонстрира како на 17-ти овој месец, за време на националниот граѓански протест,  но и недела пред тоа во Куманово, каде се дојде до вооружен инцидент со многу загинати,  е во целосна спротивност со тврдењата на Лавров . Македонскиот народ никого како досега во историјата не бил единствен и смирувачки разумен “, истакна Заев.

Според него народот е обединет околу барањата за обновување на универзалните вредности – демократија, слобода, правда и иднина за секого.

” Токму оваа сплотеност и единство на сите етнички заедници ми дава храброст. Сакам да истакнам дека нема сила, политички мотив или нешто друго, како во земјата, така и надвор, што може да го наруши тоа единство “, изјави опозицискиот лидер Зоран Заев и изрази надеж дека македонските политичари ќе бидат доволно одговорни за да го користат ова единство за добрата иднина на Македонија.