Нема да има поскапување, ќе се ограничат трговските маржи

од Берта Китинска
257 прегледи

Наместо замрзанти цени на основните прехрамбени производи од следниот месец ќе се ограничат трговските маржи.

Во трговијата на мало заработувачката се ограничува на 10 проценти, а на големо на 5 отсто.

Тоа значи дека со одлука на Владата се ограничуваат маржите на лебот, шеќерот, солта, зејтинот, брашното, месото, сувомеснатите производи, на сирењето, оризот, урдата јајцата, тестенините и пченицата – производите чии цени се замрзнати до први март.

Владината одлука ќе важи до 31 мај. А доколку трговците не ја почитуваат ќе следуваат и казни.

Согласно член 30 од Законот за трговија предвидени се глоба во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговец, од 1.600 до 2.000 евра за мал трговец, од 3.000 до 6.000 евра за среден трговец и од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем трговец.

Слични содржини