Нема да има свадби и забави во затворените делови на рестораните ова лето

од Берта Китинска
337 прегледи

„Последната комуникација што ја имавме со членовите на Комисијата за заразни болести, тие велат дека летово настани во затворени простории или масовни собири не треба да се одржуваат. Еве, ќе имаме состанок во понеделник па ќе дискутираме“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот  вели дека здравствените експерти се внимателни и сметаат дека ова лето нема простор за толкаво опуштање. Состојбата со вирусот се следи, а Комисијата за заразни болести ќе го има последниот збор.

Слични содржини