Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска повтори дека пратениците од неговата партија нема да поддржат уставни измени под вакви околности.
-Не знам на што го темели тој коментар. Ако мислат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи овие уставни измени под овие услови, јавно кажувам дека тоа нема да се случи. Ние имаме јасна позиција, рече Мицкоски како одговор на новинарско прашање што мисли за вчерашната изјава на претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.
Таа смета дека ќе се постигне мнозинство и уставните измени ќе бидат изгласани.
-На билатералната средба зборувавме за оваа важна тема за уставните измени. Сигурна сум дека луѓето од Северна Македонија ќе постигнат мнозинство и ќе гласаат позитивно за уставните измени. Постигнавте многу, бевте успешни во напредувањето и сигурна сум дека ќе најдете убедливи аргументи за сите да сфатат дека сите се одгворини за придонес кон тоа земјата да се движи напред. Ги повикувам сите политичари да го остварат сонот на младите луѓе кои сакаат да се дел од ЕУ, рече вчера Фон дер Лајен од Скопје.