Нема да се намалува топлината на парното, уверува Бектеши

од Берта Китинска
317 прегледи

Греењето нема да биде скратено, туку ќе работи до 1 после полноќ. Не верувам дека ќе биде намалена топлината, според правилата, мора да биде 20,1 степен, рече министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција најавувајќи дека од утре, управувањето со топлинската енергија, ќе го превеземе државната ЕСМ, а државата на владина седница, ќе даде повеќе пари на компанијата за да може да набавува ресурси.

„ЕСМ треба да го достави предлог договорот за деловна соработка со БЕГ. Согласно одлуката за прогласување на кризна состојба, дополнително ќе вбризгаме средства во ЕСМ, за да се справат со кризата и за да управуваат со компаниите. Од утре ЕСМ ќе управува со трите БЕГ, се со цел скопјани да имаат топлинска енергија и тоа ќе биде до крајот на грејната сезона. Договорот ќе го достави ЕСМ“, вели Бектеши.

Дополнителни рестрикции, засега, нема да има.

Слични содржини