Демократската унија за интеграција денеска во партиското седиште во Мала Речица го одржува продолжението на конститутивната седница на новиот состав на партиското Централно претседателство, на која се очекува да ја евалуира работата на нивните функционери во извршната власт.
Потпретседалот на ДУИ Арбер Адеми на почетокот на седницата изјави дека на дневен ред нема да има разрешувања на министри или директори, туку ќе се разговара за прашања кои имаат надлежности како партија.
– Во известувањето не добивме дека на дневен ред се разрешувања и такви работи. Така што ги адресираме и ги дискутираме сите прашања, дефинираме ориентации за да ја усовршиме нашата ориентација, од причина што ДУИ сноси висока одговорност и ние мора да одговориме на сите предизвици со кои се соочуваме, рече Адеми.