Посветено работиме на ублажување на последиците од енергетската криза. Креираме амбиент за граѓаните и деловната заедница да може да постават најбрзо, наједноставно и по најповолни услови фотонапонски електроцентрали за производство на струја, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Димитар Ковачевски.
-На денешната Владина седница поминаа измените и дополнувањата на Законот за градење кои ќе бидат доставени во собраниска процедура.Процедурата која денес е усвоена на Влада предвидува фотонапонските електроцентрали да може да бидат поставени на објекти во индивидуална сопственост до 6 киловати и од страна на правни лица до 40 киловати;Ги поедноставуваме процедурите и клучно е што на граѓаните нема да им биде потребно решение од општината за поставување на фотонапонските централи;Со ова излегуваме пресрет и на бизнис секторот и на граѓаните, а помагаме на домашниот електроенергетски сектор;Апелирам сите пратеници проактивно да се вклучат во носење на измените во Законот за градење, да ја донесеме измената и да помогнеме на граѓаните, напиша Ковачевски.