Нема денеска протести

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Граѓанската организација „Протестирам“ на својот Фејсбук профил најави дека денеска нема да организира протест во Скопје. „Наместо утре, со протести продолжуваме во понеделник во 18 часот – побројни, покоординирани и со нови сили и енергија“, стои во најавата на „Протестирам“.CgvqcfiUgAEjxYB

 

Демонстрантите на антивладините протести во Скопје вчера стоеја со огледала пред полицајците. Граѓанките и граѓаните што беа во првиот ред пред полициската барикада на мостот „Гоце Делчев“ извадија огледала и ги поставија пред лицата на специјалците кои не им дозволуваа да го продолжат маршот кон Уставниот суд.CgvlpkwW0AEhDuQ

Огледалата се новиот реквизит на Шарената револуција. Претходните денови, на протестите во Скопје и Битола, полицајците беа боени од балоните со боја кои демонстрантите ги фрлаа врз зградите кои тие ги бранеа.

cgvjfwhwmaeqbhkВчеравечер, во Скопје беа обоени само спомениците на лавовите од десната страна на Вардар, во близина на зградата на Владата. Тие споменици пред неколку години беа предвесник на проектот „Скопје 2014“, за кој од буџетски пари се потрошени повеќе од 600 милиони евра. CgvjZ7SWsAAnoFZ1

Власта за да ги одбрани барокните фасади од проектот „Скопје 2014“,врз зградите става џиновски државни знамиња, и врз триумфалната порта и врз уставниот суд. Демонстрантите ја сфатија замката на власта и нивните спинери-  подметнување на државното знаме за да се фрла врз него боја , а потоа да се плука врз нив дека го сквернават знамето и доказ дека се против Македонија. Не е исклучено во меѓувреме, некој нивни провокатор, да фрли боја колку да не обвинуваат нас, велат демонстрантите кои секоја вечер излегуваат на антивладините протести