Нема договор меѓу Зaев и Груевски -блокирани преговорите

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Нема никакви нови нови позиции , ниту надминување на разликите меѓу власта и опозицијата, или ништо ново од лидерската средба во Скопје на која не учестуваше еврокомесарот Хан а беа лидерите и евроамбасадорот Аиво Орав и  американскиот амбасадорот Џес Бејли.

23196golema

Груевски нема намера  да се повлече, ниту 6 месеци пред изборите колку да се организираат фер избори, ниту Заев ја прифаќа таквата позиција на  Груевски, се е јасно дека нема напредок и покрај само еден час разговор на крајот на денот откако сите си ги завршија другите партиски работи.Лидерската им бече формално само средба , колку за пред странците, а се знаеше дека никој не попушта. .  Нема ниту изјави за јавноста, секој ќе си напише партиско соопштение , како што сака, од учесниците лидери Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Мендух Тачи со своите помошници.

Деновиве, ВМРО – ДПМНЕ ја заостри реториката. Претседателот на партијата Никола Груевски, кој воопшто нема намера да се повлече, го обвини претседателот на СДСМ, Зоран Заев, дека го минира договореното и дека сака да ги избегне предвремените избори.

ВМРО – ДПМНЕ понуди опозицијата да има супер-визија во работата на министерствата за финансии, внатрешни работи, труд и земјоделство. Од СДСМ остануваат цврсто на барањето оставка од премиерот Груевски зашто веруваат дека парламентарните избори во април не може да ги организира влада предводена од креаторот на кризата. Нивната последна отстапка е премиерот да се повлече шест месеци пред изборите.

Ново  е само што 10на  демнстранти од проалбанското движење„ Беса“ протестираа против Тачи и Ахмети со порака дека тие не се лидерите грижат за  интересите на Албанците во Македонија туку само за лични интереси.