Нема докази за измама, вели член на изборната комисија на САД

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Членот на Државната изборна комисија на САД, Елен Вајнтрауб, денес изјави дека „Американците треба да знаат дека нема докази за изборна измама“.

Реагирајќи на твитовите на претседателот Доналд Трамп, таа истакна дека државните и локалните власти, како и локалните изборни комисии, се обиделе да избегнат какви било неправилности, пренесува Си-Ен-Ен.

„Имаше многу малку поплаки за регуларноста на изборите, а имаше уште помалку оправдани поплаки. Нема докази за кражба на избори или незаконско гласање. Всушност, не мора да се држите до моите зборови, прашајте ги независните набљудувачи на изборите, тие ќе ви кажат како поминаа изборите“, рече Вајнтрауб за Си-Ен-Ен.

Претседателот Доналд Трамп, кој во моментов заостанува зад демократскиот кандидат Џо Бајден во изборната трка, најави преземање на законски чекори, откако смета дека изборите биле наместени.