Нема дополнителни мерки за заштита од Ковид-19, се уште сме во зелената зона

од Nikola Popovski
185 прегледи

Во однос на тоа дали ќе има нови мерки, епидемиолошката состојба се уште не става во зелената зона. На Инфективната клиника има 16 хоспитализации, 9 пациенти се на кислородна поддршка и системот се уште има голем простор за да се дадат услуги. Најважно е да се фокусираме на примарниот здравствен систем. Од тоа произлегува нема да има дополнителни мерки кои ги препорачува Комисијата за заразни болести, рече денеска портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ.

Тој додаде дека е надминат проблемот со недоволниот број тестови за ковид, а појасни дека зголемениот број на случаи на граѓани со стомачни проблеми, како повраќање и дијареја, не е поврзан со   ковид-19.

-Можеби најдобар начин да се дознае колку има заболени е да се прават независни истражувања во популацијата, кажа д-р Мехмедовиќ.

Слични содржини