Нема индикации дека Баерн ќе го отпушти Тухел

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Томас Тухел ќе продолжи да го води Баерн (Минхен) и по поразот против Лацио во осминафиналето во Лигата на шампионите. Ова се разбра од зборовите на спортскиот директор на клубот Кристоф Фројнд, а според медиумите во Германија нема индиции дека тренерот е пред ослободување.

Во средата вечерта тимот загуби со 0:1 на Олимпико во првиот натпревар, но претстои реванш. Минатиот викенд Баварците беа поразени со 3:0 од Баер (Леверкузен) во Бундеслигата и сега се на 5 бода од врвот.

„Секако дека е тешко за Томас, но јас сум со него секој ден и гледам како тренира и го води тимот“, изјави Фројнд. – Засега никому не му е лесно. Сите сме во ист брод и нашата цел е да излеземе од оваа ситуација. Во моментов, за време на натпреварите, на тимот му е тешко да ги следи упатствата на тренерот“.

За Баерн ова е шестти пораз од стартот на сезоната. Особено болен беше поразот од 0:3 од РБ (Лајпциг) во финалето за германскиот Суперкуп, како и поразот од 1:2 од третолигашот Сарбрикен за Купот на Германија.

Слични содржини