Конечно се разреши правната заврзлама со неуставното распуштање на парламентот и политичките ујдурми на владеачката ВМРО ДПМНЕ .Уставниот суд едногласно ја прифати иницијативата на ДУИ
Уставниот суд едногласно ја прифати иницијативата на ДУИ, која ја поднесе пратеникот Талат Џафери, со која се оспорува одлуката како противуставна, изгласаната од парламентарците одлука за распуштање на Собранието.
До конечна одлука на судот е изречена времена мерка, што значи стопирање на сите дејствија кои произлегуваат од оспорената одлука, вклучувајќи ја и одлуката за распуштање , изборите на 5 јуни и сите преземени изборни дејствија.
Сега на ред е конечната одлука , па собирањето на парламентаците, а не е исклучено прва точка на дневен ред да биде аболицијата на претседателот Иванов и изборите.