Нема К-15 во 2022 за вработените во јавната администрација

од Берта Китинска
419 прегледи

За 2022 година нема дополнително предвидено пари за исплата на К-15 во јавниот сектор, истакна денеска  министерот за финансии Фатмир Бесими.

Тој денеска воедно информираше дека Народната банка има доволно инструменти да го заштити денарот.

-Денарот е стабилен. Да бидеме внимателни со шпекулациите за девизниот курс на денарот затоа што тие не му користат никому. Народната банка има доволно инструменти да го заштити денарот, Имаме фиксен девизен курс, имаме доволно девизни резерви во Народната банка и во досегашниот период сме дале доволно факти дека по секоја цена ќе се заштити девизниот курс на денарот. Тоа е основата на нашиот економски модел, на нашиот монетарен систем и тука нема дилеми, истакна Бесими.

Слични содржини