Во Кривичниот суд нема камери за да се снима судењето за нарачаните шамари во Општина Центар бидејќи судијката Софија Лаличиќ ги зела за го снима судењето на дедото на Тамара за обид за убиство на екс министерот за здравство, Никола Тодоров.

Поради немањето камери, судијката Татјана Михајлова го одложи судењето за 27 декември.
На денешното рочиште за нарачаните шамари повторно требаше да сведочи Андреј Жерновски, кој овој пат требаше да одговара на прашањата на адвокатите.
Првообвинет во случајот е Никола Груевски, а покрај него на обвинителна клупа се Миле Јанакиевски, Даниела Рангелова и уште осум други лица.
Двајца општински советници во Центар од ВМРО-ДПМНЕ кои беа обвинети признаа вина и добија условни осуди./Плусинфо