Нема казни за институциите кои нема да ги постават новите таблички на службените возила

Доколку некој проба тоа да го избегне, кога ќе дојде датумот за регистрација, тогаш ќе ги добие овие таблички, рече Томовски од СОЗР

од Nikola Popovski
23 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Тв Сител

На денешната прес-конференција за ставањето во официјална употреба на службените таблички, директорот на СОЗР, Ивица Томовски информира дека им дале насока и препораки на сите институции со промена на регистерските таблички на службените возила и нивно брендирање. Како што истакна Томовски, ова е втор повик како би отпочнале.

-Имаат рок до 15 септември да ги брендираат сите возила. Би сакал да напоменам, доколку тоа не го направат, ќе повикаме по третпат да се брендираат, со цел до почеток на кампањата за локални избори, сите службени и државни возила да бидат брендирани. Доколку некој проба тоа да го избегне, кога ќе дојде датумот за регистрација, тогаш ќе ги добие овие таблички, рече Томовски.

Според неофицијалните бројки, во земјава има околу 7500 службени возила, но официјално не е познато бидејќи нема соодветен Регистар во државата за овие податоци.

Директорот на СОЗР информира дека Правилникот не предвидува казни, но тука се „медиумите, институциите и Антикорупциска која има некаков Регистар“.

-Да оставиме простор до понеделник. Мислам дека сите институции ќе одговарат, додаде Томосвски.