Нема ковид-пасоши, туку потврда за вакцинација за влез во Грција, соопшти Филипче

од Nikola Popovski
338 прегледи

„Нема форма на вакцинални пасоши, туку се издава потврда за вакцинација, која што ја прифаќаат земјите во регионот“, најави министерот за здравство, Венко Филипче одговарајќи на новинарско прашање како ќе патуваат македонските граѓани во Грција.

„Тоа се посебни потврди кои што ќе се издаваат од следната недела, со посебен QR-код, кои ги дава податоците за вакцинација“, дополни министерот, додавајќи дека засега за влез во јужниот сосед, освен со потврдата, може да се стори и со негативен ПЦР-тест.

Во однос на малата заинтересираност за вакцинација според сајтот „vakcinacija.mk“, Филипче вели Владата ќе започне со кампања за да ја зголеми свеста кај граѓаните.

„Како пристигнуваат пратките, имаме се повеќе заинтересираност за вакцинација. Имаме повеќе механизми“, вели тој, додавајќи дека невладините организации и другите критични структури ќе се вакцинираат после велигденските празници.

Слични содржини