Нема мајмунски сипаници тестираниот кичевчанец

од Берта Китинска
134 прегледи

Негативен е тестот на лицето од Кичево кое денеска беше тестирано од мајмунски сипаници, информира за Локално, др. Злате Мехмедовиќ.

-Пациентот е негативен, нема потреба за понатамошна изолација, останува единствено да се третира за основната болест, но како ќе се третира и кога ќе биде укината изолацијата ќе одлучи Центарот за јавно здравје од Битола кој што го води здравствениот надзор, кажа портпаролот на Комисијата за заразни болести.

Пред 3 дена, кичевчаневот не го прифатил тестирањето и не се појавил на Инфективната клиника. Епидемиологот од Битола бил два пати во местото на живеење на пациентот, разговарал со членовите од неговото семејство, но не и со сомнителното лице. Контакт бил воспоставен дури денес и лицето е тестирано.

За него постоеше сомнеж дека можеби е инфициран со вирусот бидејќи имаше дел од симптомите кои се карактеристични за мајмунски сипаници и кои ги добил по престој во странство.

Согласно податоците на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), во светот до 9 август се пријавени вкупно 31 800 случаи со мајмунски сипаници. СЗО ја прогласи епидемијата на мајмунски сипаници за меѓународна јавноздравствена вонредна состојба.

Слични содржини