Никогаш јас или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н. македонско малцинство во земјата. Нема такво малцинство и за такво малцинство дури не може да се зборува. Треба да го кажам јасно за сите гледачи, по таа тема има целосен консензус, за таа тема дури и не може да се водат дискусии, одговори бугарскиот премиер Кирил Петков, на прашањето на новинарката на бугарската телевизија БТВ за тоа дали бугарската влада разговарала со амбасадата на САД за признавање на македонско малцинство на територијата на Бугарија.
Нашата влада таа тема нема да ја постави за разговори или за што и да било, додаде бугарскиот премиер.