Земјата не престанува да се тресе и во 2021 година. Имено, Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) утрово извести за два умерени земјотреси во близина на Петриња и Сисак.
Првиот земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтер се случил во петокот наутро во 4,52 часот, а епицентарот бил на 12 километри југозападно од Петриња.
Вториот земјотрес со јачина од 3,1 степени е регистриран во 6,37 часот, а епицентарот бил на 19 километри југозападно од Сисак.
Според Сеизмолошката служба на Република Хрватска, земјотресот во 6,37 часот бил со јачина од 3,7 степени.
Граѓаните пријавиле дека слушнале татнеж и благ тремор, а земјотресот бил почувствуван и во областа Загреб.
Земјата во областа Бановина сè уште се тресе по разорниот земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтер што го погоди Петриња и околината во вторникот, на 29 декември. По тој земјотрес, следеа низа последователни, а до 31 декември имаше 265 со поголема магнитуда од 1.0.